Македонија
3. May 2018 - 21:39

Тешки денови пред нас - прогноза до крајот на неделава

Времето денеска ќе биде променливо облачно, на места со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Поинтензивни врнежи ќе има во западните делови на земјава. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, кој на моменти ќе достигнува брзина до 70 км/ час. УВ индексот ќе изнесува шест.

Минималните температури ќе се движат од седум до 16, а максималните од 20 до 27 степени.

Во Скопје времето ќе биде умерено облачно со умерен до засилен југоисточен ветер и со услови во попладневните часови за краткотраен локален дожд и можни ретки грмежи. Температурата ќе се движи од 13 до 26 степени.

Во наредните денови следува период на променливо облачно и нестабилно време со локален краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поизразена нестабилност се очекува во сабота.