Фудбал
6. јуни 2018 - 13:23

Тешка затворска казна за браќата Мамиќ

Поради малверзации во врска со трансферите на Лука Мадриќ и Ловрен судот во Осијек денеска му изрече 6,5 годишна затворска казна на извршниот директор на Динамо Загреб Здравко Мамиќ.  Исто така осуден е и неговиот брат Зоран и тоа на 4 години и 11 месеци. Покрај браќата Мамиќ, виновни се и поранешниот директор на Динамо, Дамир Врбановиќ (затвор во траење од три години) и даночникот Милан Пернак (затвор во траење од 4 години и 2 маесеци). 

Ниту еден од обвинетите не беше присутен на изречување на пресудата. Здравко Мамиќ синоќа заминал од Хрватска и не се знае кога и дали ќе се врати да ја одлежи затворската казна.