Македонија
2. October 2016 - 16:43

Тешка сообраќајна несреќеа на патот Дебар – Маврови Анови

Шеесет и четири годишен гостиварец загина во сообраќајна несреќа вчеравечер на регионалниот пат Дебар – Маврови Анови. Сообраќајката се случила околу 23 часот во близина на селото Скудриње.

Според информациите од СВР Тетово, дирекно се судриле два автомобили, „опел-астра„ со гостиварска региистрација која ја управувал 64 годишпниот гостиварец и „БМВ“ со струшки ознаки кое го управувал 24 годишник од Дебар.

Од силината на ударот, возачот на „опелот“ се здобил со тешки повреди по што како итен случај од дебарската болница бил испратен за болницата „Св Еразмо“ во Охрид. За жал по пат им подлегнал на повредите. Во несреќата било повредено уште едно лице, но тоа поминало со полсени повреди.

Ова е единаесетта жртва во сообраќајна несреќа на поширокото гостиварско подрачје од почетокот на оваа година.