Македонија
3. May 2018 - 11:06

Тешка сообраќајна несреќа во скопско Маџари

Тешка сообраќајна несреќа се случила во скопски Маџари. Како што информираат од МВР, на 2 мај 2018 година во 22:40 часот на крстосницата од улицата „Маџари“ со улицата „Маџари-2“ се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило „Опел Корса“ со скопски регистерски таблици управувано од М.С.(70) од Скопје и моторцикл „Џонвеј“ со скопски регистерски таблици управуван од К.С.(23) од Скопје.
Во незгодата со тешка телесна повреда се здобил К.С. кому му била укажана лекарска помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот, се работи на целосно расчистување на случајот.