Македонија
27. November 2016 - 12:06

Тешка сообраќајна несреќа во Скопје - Едно лице итно на Ургентен

Вчера околу 22:14 во Скопје на патот за Долна Матка се случила сообраќајна незгода во која Љ.И. (28) од Скопје управувајќи автомобил „Голф“со скопски регистарски ознаки излетал од патот.

Во незгодата со тешка телесна повреда (фрактура на клучна коска) се здобил совозачот С.Р. (40) од Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи во Скопје.

Се работи на целосно расчистување на случајот.