Македонија
4. July 2018 - 10:48

Тешка сообраќајна несреќа во Отешево - повредениот итно пренесен на скопските клиники

На регионалниот пат село Трпејца-село Отешево, охридско, вчера во 13:30 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „Сим-јет“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Ц. (25) од Охрид и патничко возило „Фолксваген Пасат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.П. (37) од село Карамани, битолско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот кој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ од каде бил пренесен во Клинички центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.