Македонија
28. February 2016 - 9:58

Тешка сообраќајна несреќа во Кисела Вода, еден повреден

Граѓаните на Скопје јавуваат дека утрово автомобил со голема брзина удрил во бандера кај Даре Џамбаз во Кисела Вода при што се запалило возилото.

На местото интервенирала противпожарно возило, а возачот со возило на Итната помош е префрлен во болница.

Се уште не е познат идентитетот и здравствената состојба на повредениот возач.

.be

 

Извор: Фејсбук/Ѕид на сообраќајниот срам