Македонија
22. May 2019 - 9:52

Тешка сообраќајна несреќа, повредени две млади лица кај Росоман

 Двајца млади се тешко повредени при судир на мицубиши и мотоцикл синоќа околу 19 часот во Росоман.                                   
 
-Сообраќајната незгода се случила помеѓу возилото „мицубиши пајеро“ со кумановски регистарски броеви  управувано од С.Љ.(48) од Куманово и мотоцикл „хамачи“ без регистарски броеви  управувано од М.Ѓ. (19) од Росоман. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле  возачот на моторцикалот и четиринаесетгодишниот сопатник на моторциклот, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. 
 
Повредените лица се пренесени во болницата во Кавадарци, од каде повредениот сопатник на мотоциклот е упатен на лекување во комплексот  клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.