Македонија
21. October 2018 - 16:17

Тешка сообраќајна несреќа на излезот од Охрид - едно лице загина, четири тешко повредени

38 годишниот Денис Рахман го загуби животот а четири лица се здобија со тешки телесни повреди во сообраќајната незгода која што се случи утрово на магистралниот пат Охрид –Кичево во близина на манастирот Свети Еразмо.Повредените се пренесени во болницата за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо а едно лице од нив поради сериозноста на повредите ќе биде префрлено во клиника во Скопје.

До незгодата дошло кога товарното моторно возило „Мерцедес“ кое се движело од Охрид кон Подмолје, со предната лева страна удрило во патничкиот автомобил „Фиат Пунто“ управувано од сега починатиот. По инерција од ударот, товарното возило излетало на левата страна од патот.

На овој патен правец во изминатитов период случени се повеќе сообраќајни незгоди во кои има и жртви и тешко повредени лица .Причините според анализите најчесто се во делот на непочитување на сообраќајните правила и прописи пречекорување на дозволената брзина , возење во алкохолизирана состојба и претекнување на недозволени места.

Инаку за време на увидот на незгодата сообраќајот на магистралниот пат беше запрен во двата правци и пренасочен по регионалниот пат Охрид-Струга.