Тешка сообраќајна несреќа кај Тетово - повредени пет лица
Несреќа на македонските патишта. Според информациите на МВР, утринава околу 06.20 часот на регионалниот пат Тетово – с. Волковија патничко возило „Ауди А4“ со тетовски регистарски ознаки изгубило контрола, излетало од коловозот и се превртело. Во незгодата, со повреди се здобиле возачот Љ.А. (34) и четирите сопатнички во возилото Р.П. (42), М.Б. (31), А.Н. (27) и В.А.(55), сите од с. Стенче. Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во Клиничка болница Тетово. По укажаната лекарска помош, поради сериозноста на повредите, Р.П. била префрлена во Клинички центар Скопје, М.Б. и В.А. биле задржани на лекување, а Љ.А. и А.Н., по укажаната помош, биле пуштени на домашно лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Тетово.
Ново на Сител
-
Хрватска: Наполитанки Кит Кат повлечени од пазарот
-
Две лица се приведени за убиството на лекарот во Железара
-
Се финализираат коалициите пред почетокот на кампањата за претседател следната недела
-
Во Собранието последна нова седница во овој парламентарен состав
-
Путин: Во Европа го плашат народот дека ќе ги нападнеме, сакаат да им ги земат парите
-
Четворица убиени, петмина избодени во напад во Илиноис
-
Руските сили гранатираа 17 населени места во областа Херсон, две лица загинаа
-
Состојба на патиштата