Македонија
15. December 2017 - 12:20

Тешка сообраќајна несреќа кај Тетово - повредени пет лица

Несреќа на македонските патишта. Според информациите на МВР, утринава околу 06.20 часот на регионалниот пат Тетово – с. Волковија патничко возило „Ауди А4“ со тетовски регистарски ознаки изгубило контрола, излетало од коловозот и се превртело. Во незгодата, со повреди се здобиле возачот Љ.А. (34) и четирите сопатнички во возилото Р.П. (42), М.Б. (31), А.Н. (27) и В.А.(55), сите од с. Стенче. Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во Клиничка болница Тетово. По укажаната лекарска помош, поради сериозноста на повредите, Р.П. била префрлена во Клинички центар Скопје, М.Б. и В.А. биле задржани на лекување, а Љ.А. и А.Н., по укажаната помош, биле пуштени на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Тетово.