Македонија
5. јуни 2019 - 11:18

Тешка сообраќајна несреќа кај Калиште, едно лице повредено

Вчера во 17.30 часот на локалниот пат с.Клечовце-с.Стрезовце, на место викано „Калиште“, општина Старо Нагоричане, мопед „јамаха“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од С.К.(30) од Куманово, излетал од патот и се здобил со тешки телесни повреди.

По укажаната лекарска помош во болницата во Куманово бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.