Македонија
25. March 2019 - 10:37

Тешка сообраќајна несреќа кај Гостивар - повредени шест лица

Страшна несреќа се случила вчера попладне на магистралниот пат Гостивар-Кичево, кога се искршиле две возила, при што имало многу повредени.

Несреќата се случила околу 13:30 часот во близина на мавровската раскрсница кога автомобили, „Пасат“ со тетовски регистарски ознаки и „БМВ“ со гостиварски таблички, кои се движеле во спротивни правци, директно се судриле, при што повредени се најмалку шест лица кои итно биле однесени во болница.

Полицијата извршила увид, а денеска се очекуваат детали за карактерот на повредите кај повредените и за материјалната штета, како и причините за судирот.