Македонија
30. May 2019 - 11:46

Тешка сообраќајна несреќа: Ауди се заби во трактор, има повредени

Во 19.00 часот на локалниот пат Велес – село Бузалково, на место викано „Блокови“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот Б.Н. од Бузалково, велешко и трактор „ИМТ-539“ без регистарски ознаки, управуван од 56-годишниот Ш.Џ. од  Бузалково.
 
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот Ш.Џ. кој по укажаната лекарска помош во Градската болница Велес бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
 
Деветгодишна сопатничка во тракторот и возачот Б.Н. се здобиле со телесни повреди и им била укажана помош во Градската болница Велес. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес.