Македонија
4. September 2017 - 10:01

Тешка сообраќајката кај Кисела Вода - почина мотоциклистот

Едно лице го загуби животот во сообраќајната несреќа која вчера вечерта се случи на булеварот „Борис Трајковски“ кај посториите на Општина Кисела Вода, потврдуваат од МВР за медиумите.

Несреќата се случила околу 19:45 часот помеѓу автомобил „Пежо“ со скопски регистерски ознаки, управуван од 33 годишниот скопјанец Е.А. и мотоцикл со охридски таблички кој го управувал 48-годишниот Славко М. од Скопје.

По сообраќајката со возило на Итна медицинска помош, мотоциклистот бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде им подлегнал на тешките повреди.

Телото на починатиот е предадено на обдукција. За време на полицискиот увид, сообраќајот од Центар кон Драчево беше пренасочуван.