Македонија
29. April 2018 - 14:54

Тешка сообраќајка во тетовско: Три годишно дете со тешки повреди пренесено на Клиника

Вчера во 17 часот и 50 минути на локалниот пат село Требош-село Џепчиште, тетовско, во близина на пругата се случила сообраќајна незгода.

Сообраќајката се случила  помеѓу товарно моторно возило „Мерцедес“ со тетовски регистерски таблици управувано од 27- годишниот  И.Е и патничко моторно возило “Волксваген Пасат“ со тетовски регистерски таблици, управувано од 33- годишниот К.М, двајцата од село Порој.

- Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило тригодишно дете сопатник во патничкото моторно возило “Пасат“, кое со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Клиникиот центар во Тетово, од каде било препратено во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ -се вели во соопштение од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.