Македонија
26. October 2017 - 12:59

Тешка сообраќајка во тетовско, две лица повредени

Вчера во 07,15 часот на регионалниот пат Тетово – с.Волковија над каналот за наводнување кај с.Милетино-Тетово, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Сузуки Свифт“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Т.Ц.(58) од с.Волковија и патничко возило „Фолксваген Голф“ исто така со тетовски регистарски ознаки управувано од М.Ј.(24) од с.Теново- Тетово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Т.Ц., кој со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Клинички центар -Тетово, од каде по укажаната лекарска помош како итен случај е пренесен во Ургентен Центар-Скопје. 

М.Ј. се здобил со  телесни повреди и истиот по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување. 

Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи -Тетово.