Македонија
19. September 2018 - 11:15

Тешка сообраќајка во тетовско, 8 повредени ученици и возачот на училишно комбе

Вчера околу 14.30 часот на регионалниот пат Тетово – село Пирок во село Горно Палчиште се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Мицубиши Пајеро“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Н.А.(36) од село Селце Кеч, тетовско и патничко моторно возило „Форд Транзит“ исто така со тетовски регистарски ознаки управувано од З.М.(39) од село Боговиње, тетовско, во кое се превезувале ученици од село Боговиње.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Н.А., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клинички центар Тетово, а по укажаната лекарска помош е пренесен во Комплекс клиники "Мајка Тереза" во Скопје.

Со телесни повреди се здобиле и З.М. и осум патници од возилото "Форд Транзит". Извршен е увид на местото на настанот.