Македонија
6. јуни 2020 - 10:52

Тешка сообраќајка во струшко - едно лице повредено

Вчера во 08.05 часот на регионалниот пат Мороишки мост-с.Мислодежда, поточно во с.Горно Татеши, струшко, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.М.(29) од с.Мислодежда, струшко и патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки,  управувано од Љ.К.(51) од Кичево.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил Ѓ.М.(46)од с.Ботун, сопатник од возилото „цитроен“ и бил пренесен во медицинскиот центар Струга за укажување лекарска помош.

Увид извршила екипа од Полициската станица Струга, стои во соопштението од МВР.