Македонија
14. јуни 2018 - 12:56

Тешка сообраќајка во струмичко, момче се бори за живот во Ургентен

Дваесет и три годишниот струмичанец С.С. се наоѓа во животна опасност по сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне на регионалниот пат Струмица-с.Куклиш-с.Банско.

Од полицијата информираат дека дошло до судир помеѓу мотоцикл „Априлија“ со струмички регистарски ознаки, управуван од С.С. (23) од Струмица и патничко возило „Хонда“ со струмички регистарски ознаки, управувано од П.З. (42) од Струмица.

- Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот С.С., кој по укажаната лекарска помош во Медицински центар Струмица бил префрлен во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје и се наоѓа во животна опасност, истакнуваат од МВР.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Струмица.