Тешка сообраќајка во Струмица - се судрија камион, автомобил и велосипед
Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера во Струмица, повредено едно лице.
Како што информираат од МВР, вчера во 14:30 часот на ул.,,Климент Охридски’’ во Струмица се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „фолксваген Л80“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Р.С.(33) од Штип, товарно возило „волво ФЛ 280’’ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.А.(23) од Струмица, кој се обучувал од автошкола за управување со возилото и велосипед управуван од Н.К.(37) од Струмица.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот и бил пренесен во Медицинскиот центар во Струмица за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи