Македонија
21. December 2018 - 10:27

Тешка сообраќајка во Стајковци, возач прегазил пешак, повредени и две негови сопатнички

Вчера во 16,15 часот било пријавено дека на улицата “1“ во село Стајковци, скопско патничко моторно возило “Фиат стило“ со скопски регистерски ознаки управувано од А.Т.(55) од село Бунарџик, скопско удрило во пешак З.П.(56) од село Стајковци, скопско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот и е пренесен во комплекс клиники “Мајка Тереза“.

Со телесни повреди се здобиле и две сопатнички во возилото М.Т.(30) и И.Н.(75) двете од село Булачани, скопско констатирани  од страна на лекар од Комплекс клиники “Мајка Тереза“.

Извршен е увид на местото на настанот.