Македонија
16. December 2015 - 19:57

Тешка сообраќајка во скопско Маџари, едно лице пренесено во болница

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска околу 16 часот и 40 минути во скопската населба Маџари. Според првичните информации, во несреќата учествувале комбе и автомобил марка „опел“. 

Едно женско лице е повредено и веднаш е пренесено во болница.

Полицискиот увид е во тек.