Тешка сообраќајка во Скопје - три лица повредени
Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера во Скопје, неколку лица се повредени. Според информациите на МВР, вчера во 06:50 часот на ул. „60“ во с.Волково, скопско, се судриле патничко возило „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(39) од с. Волково и патничко возило „Опел Корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М. (24) од с. Волково.
Со повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничката во возилото „Опел Корса“, В.М.(48) од с. Волково.
Со возило на итна медицинска помош Д.Ј. бил пренесен во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Терза“ - Скопје каде му биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната лекаска помош бил задржан на понатамошно лекување. М.М. и В.М. со возило на Итна медицинска помош и со друго возило биле пренесени во Градска општа болница „8-ми Септември“ каде им биле констатирани телесни повреди, а по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна