Македонија
5. May 2019 - 12:02

Тешка сообраќајка во Скопје - повредени две лица

На 04.05.2019 година во 16:15 часот на улица „Крушевска Република“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Рено лагуна“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(36) од Скопје и патничко возило „Шевролет спарк“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ч.П.(54) од Скопје.

Во незгодата со телесни повреди се здобила З.Ч.П., а со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од истото возило К.Ч.(77) и им била укажана помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.