Македонија
9. May 2020 - 10:21

Тешка сообраќајка во Скопје, повредени четири лица

Вчера во 19,10 часот на крстосница од ул.„Диме Хаџи Димов“ и ул.„Божидар Аџија“  во Скопје се  случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило„опел корса“ со скопски регистарски ознаки управувано од Г.Ч.(53) од Скопје и патничко моторно возило„мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Б.(38) од Скопје.

По незгодата со возило на итна медицинска помош Г.Ч и неговиот сопатник А.Т.(26) од Гостивар биле пренесени во Комплекс клиники„Мајка Тереза“ каде од доктор на А.Т. му биле констатирани тешки телесни повреди,  додека Д.Б. и неговиот сопатник Д.А од Скопје биле пренесени во Градската општа болница„Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Скопје, стои во соопштението од МВР.