Македонија
1. November 2017 - 13:18

Тешка сообраќајка во Скопје - повреден мотоциклист

Тешка сообраќајна несреќа се случила во Скопје. Како што информираат од МВР, вчера  во 12.33 часот било пријавено дека на ул. „Скупи“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Шкода Октавија“ со скопски регистарски ознаки и мотоцикл „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Љ.К. (54) од Скопје.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот Љ.К. кој бил пренесен во Ургентен центар Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје.