Македонија
23. August 2020 - 11:17

Тешка сообраќајка во Скопје - повреден 41-годишен мотоциклист

Вчера околу 12.00 часот на ул.„Скупи“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди А3“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Д.П.(39) од Скопје и мотоцикл „пијаџо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(41) од Скопје, информираат од МВР.

Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.