Македонија
26. January 2021 - 11:52

Тешка сообраќајка во Скопје, повреден 26-годишен моторциклист

Вчера во 15,35 часот во Скопје, на крстосницата на улица „Ѓорче Петров“ и улица „Сремски фронт“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.В.(72) од Скопје и моторцикл „јамаха“ исто така со скопски регистарски ознаки, управуван од Р.Ч.(26) од Скопје, соопштуваат од МВР.

По незгодата Р.Ч. бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.