Македонија
30. November 2016 - 13:26

Тешка сообраќајка во Скопје - Едно лице почина

Едно лице починало како последица на сообраќајна незгода што се случила на паркингот на Клиниката за стоматологија на Клиничкиот центар во Скопје. 

Како што соопшти полицијата, сообраќајката се случила вчера околу 9:10 часот кога автомобил „Голф“, управувано од М.К. (62) од Штип удрил во пет паркирани возила.

М.К. управувајќи го возилото во еден момент му се слошило. Штипјанецот починал додека му укажувале лекарска помош и го пренесувале во Ургентниот центар.