Македонија
19. September 2017 - 18:33

Тешка сообраќајка во прилепско, патот затворен за сообраќај

Попладнево од 17.50 часот сообраќајот на патниот правец Градско - Прилеп на месноста викана „Фариш“ е во прекин во двата правци, соопшти АМСМ.

Прекинот на сообраќајот на овој патен правец е поради случена сообраќајна незгода.

Полицијата е на местото и врши увид.

Засега нема подетални информации за сообраќајката, се очекуваат во наредниот час.