Тешка сообраќајка во Прилеп - двајца веднаш префрлени на Клинички
На 18.06.2017 година во 04.00 часот на ул. „Александар Македонски“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 33-годишниот Г.Ѓ. од Прилеп и патничко возило „Мерцедес“, управувано од 44-годишниот Т.С. од Прилеп. Во незгодата со тешки телесни повреди се стекнале сопатникот од возилото „Ауди“-Г.З. 19-годишник од од Свети Николе, и сопатникот од возилото „Мерцедес“-К.Д. 23-годишник од Прилеп. Со возило на Итна медицинска помош истите биле пренесени во Градска болница Прилеп, од каде по укажаната медицинска помош, поради сериозноста на повредите, биле препратени во Клинички центар Скопје. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од полициската станица во Прилеп.
Ново на Сител
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024