Македонија
9. јуни 2016 - 14:10

Тешка сообраќајка во Охрид - Жена се бори за живот на скопските клиники

Во близина на „Хидробиолошки завод“, кај „Билјанини извори“ во Охрид вчера околу 19 часот М.П. (27) од Охрид, управувајќи ПМВ „Шкода Фаворит“ со охридски регистарски ознаки, изгубила контрола над истото и удрила прво во ивичникот од левата страна, по што се излизгала од коловозот и удрила во патоказ и дрво.

Медицинска помош и е укажана во Клиничка болница Охрид, каде и се констатирани тешки телесни повреди. Поради сериозноста на повредите М.П. е пренесена во Клинички центар Скопје и се наоѓа во животна опасност. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Охрид.