Македонија
3. July 2019 - 21:16

Тешка сообраќајка во Маврово, тројца сопатници тешко повредени

Вчера околу 09.00 часот на регионален пат Мавровска крстосница–Дебар, пред општина Маврово и Ростуше, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.В.(63) од село Маврови Анови и патничко возило „Алфа Ромео“ со албански регистарски ознаки, управувано од Т.Е.(32) од Република Албанија.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците И.Т. и З.Г. од возилото „Алфа ромео“ и биле пренесени во Медицински центар во Гостивар.

Со телесни повреди се здобила сопатничката Е.К. од истото возило.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.