Македонија
29. July 2017 - 13:43

Тешка сообраќајка во Македонија: Маж се бори за живот

 
Синоќе во 23 часот 15 минути на булевар „Гоце Делчев“ во Гостивар се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „Мерцедес Е280“ со швајцарски национални ознаки, управувано од 64- годишниот Ф.А од Гостивар, удрил во пешакот 57- годишен П.Г од Гостивар.
 
Од незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Медицински центар Гостивар, поради сериозноста на повредите, со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Клинички центар Скопје.
 
По овластување на Јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Гостивар.