Македонија
24. April 2016 - 13:13

Тешка сообраќајка во Гостивар: Жена прегази пешак

Вчера вечер во 21.35 часот во Гостивар на бул.„Браќа Ѓиноски“ се случила сообраќајна незгода во која Х.И.(51) од Гостивар, управувајќи патничко моторно возило „Голф“ со гостиварски ознаки удрила во пешакот М.Е.(49) од Гостивар.

По незгодата пешакот е пренесен во Ургентен центар Гостивар, каде се констатирани тешки телесни повреди (пукнати три ребра на десниата страна) и по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.

Увид на лице место извршила увидна екипа од ПС-Гостивар.