Македонија
19. July 2017 - 10:53

Тешка сообраќајка во Драчево

 
Сообраќајна несреќа во која две лица се повредени од кои едно потешко се случила вчера утрото околу 9 часот во населбата Драчево кај бензинската пумпа Макпетрол.
 
Според информациите од полицијата во несреќата учествувале автомобил „Голф“ управуван од 56 годишниот К.А. и „Југо“ кое го управувал П.Б. (61).
 
Двајцата возачи биле пренесени во Ургентниот центар, каде кај П.Б. се констатирани тешки повредени, фрактура на десен колк.
 
На местото на несреќата извршен е полициски увид.