Македонија
1. August 2019 - 21:25

Тешка сообраќајка вечерва на патот Охрид - Кичево, судар на комбе и автомобил

Сообраќајна несреќа која се случи вечерва во близина на селото Горенци , а во која автомобил се судрил во комбе , кое потоа удрило во друг автомобил, предизвика долга колона возила се формирана во двата правци на патот Охрид – Кичево.

Возилата во групи се пропуштаат наизменично во двата правци додека полицски екипи вршат увид на местото на несреќата.

Нема инфо дали во комбето имало патници и дали има повредени во сообраќајката.