Македонија
5. September 2017 - 8:23

Тешка сообраќајка утрово на патот Неготино - Гевгелија, сообраќајот во прекин

Утрово од 07:10 часот сообраќајот автопатот А-1 Неготино-Гевгелија е во прекин за товарни моторни возила, а пуштањето ан патничките возила се одвива со наизменично пропуштање.
Ваквиот сообраќаен режим е поради тешка сообраќајна незгода која се случила на самиот влез на тунелот на автопат А-1 Неготино-Гевгелија, соопшти АМСМ.
 
Полицијата врши увид на местото на несреќата, засега нема други информации.