Македонија
26. September 2017 - 13:41

Тешка сообраќајка среде Штип, двајца млади возачи завршија во болница

Вчера во 20.10 часот на ул. „Васил Главинов“ во Штип се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Мерцедес Е-270“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (30) од Штип и мотоцикл „Фости-150“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ѓ.Д.(18) од Штип, кој немал возачка дозвола.

По незгодата, возачот и сопатникот на мотоциклот, А.Г. (19) од Штип, биле пренесени во Клиничка Болница Штип каде кај возачот Ѓ.Д. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај сопатникот А.Ѓ. биле констатирани телесни повреди.

По укажаната лекарска помош, тие биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип.