Македонија
7. July 2015 - 21:22

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА: Прегазено девојче кај Зебра - Автомобилот влетал во зграда!







Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа која се случи вечерва на улица Васил Ѓоргов во близина на ТЦ „Зебра“, кога автомобил „Опел корса“ со голема брзина најпрво удрил девојка која починала на лице место па влетал во еден од излозите на околните згради.

На лице место бил направен обид да му се пружи прва помош на настраданото лице, чиј идентитет не е познат, но безуспешно.

На местото на настанот пристигна противпожарно возило, а полицијата врши увид.