Македонија
6. December 2016 - 21:36

Тешка сообраќајка пред Кочани вечерва - сообраќајот отежнат, се стравува дека има жртва

Тешка сообраќајка во која е прегазен велосипедист се случи вечерва пред Кочани.

Засега нема официјални информации од МВР, но се претпоставува дека велосипедистот починал.

На местото на несреќата се врши увид. Сообраќајот се одвива отежнато по една коловозна лента.