Македонија
29. August 2016 - 21:12

Тешка сообраќајка пред Гостивар - Повредени неколку лица

 
5 лица се повредени во верижен судир што се случи вечерва на автопатот Гостивар –Кичево. Загинати нема. Судирот предизвика километарски колони и чекање повеќе од еден час.
Од МВР велат дека во сообраќајката која се случила околу 19 часот учествувале 4 возила. Повредените итно се префрлени во гостиварската болница од каде по извршените прегледи се пуштени на домашно лекување.