Тешка сообраќајка - повреден мотоциклист од Скопје
Мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди во една од вкупно осум сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во три се повредени три лица, а во четири е причинета материјална штета.
Полицијата вчера санкционирала поголем број прекршоци кај пет возачи кои не отстапиле првенство на минување на возачите во зона на крстосница, тројца биле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, двајца возачи поминале на црвено светло на семафор, осум не користеле сигурносен појас или користеле мобилен телефон, а седум возачи биле без возачка дозвола, односно со нерегистрирано возило. Затекнати се и 57 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 59 возила.
Во рамки на сообраќајно воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со учениците во второ одделение во ООУ „Невена Георгиева Дуња“ во општина Кисела Вода.
Вечер со почеток во 18 часот на Националната арена „Филип Втори Македонски“ ќе се одигра меѓународен пријателски фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Белорусија. Со цел непречено одвивање на сообраќајот, од сообраќајната полиција апелираат до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а доколку дојдат на натпреварот со возила, за паркирање да ги користат околните дозволени паркинг простори.
Ново на Сител
-
Во Крива Паланка излезноста до 13 часот е 42,08 отсто
-
Излезноста до 13:00 часот во Делчево и М.Каменица се движи од 24 до 29 отсто
-
Во Велес и велешко до 13 часот излезноста е 29,56, во Градско 33,51 процент
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас