Македонија
16. December 2017 - 19:34

Тешка сообраќајка попладнево во Маџари, има и повредени

Сообраќајна несреќа се случи попладнево кај киното во скопската населба Маџари.

Во сообраќајката учествувале две возила и според првичните информации од МВР имало повредени лица кои се пренесени во болница.

Не се знае карактерот на повредите, ниту во која болница се префрлени.

Од МВР најавуваат детали за подоцна.