Македонија
2. October 2019 - 15:57

Тешка сообраќајка попладнево на булевар „Србија“ – повредено едно лице

Тешка сообраќајка се случи на раскрсницата на Булевар Србија и Трета Македонска бригада што води кон населбата Лисиче кога Опел Корса се судрила со Мазда со скопски таблички.

Корсата се забила во маздата откако некој поминал на црвено. Од ударот сите воздушни перничиња на Маздата се отвориле, пренесе Пресингтв.

Има едно повредено лице кое е пренесено во Јане Сандански.