Македонија
21. September 2017 - 10:35

Тешка сообраќајка несреќа во Виница - повредени малолетници

Две малолетни лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа која вчера околу 17:35 часот се случила на улицата „Браќа Миладиновци“ во Виница.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале автомобил „Ауди А4“ управуван од 65 годишниот Д.Н. од Виница, мопед без таблички управуван од 26 годишниот Ѓ.С. од Истибања и мопед кој го возел малолетникот Д.С. (15) од Јакимово.

Во несреќата со тешки повреди се здобиле малолетниот возач на едниот мопед и неговиот сопатник, 16 годишно момче, кои се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје каде им е укажана лекарска помош.

На местото на несреќата полицијата извршила увид.