Македонија
24. December 2017 - 12:59

Тешка сообраќајка на патот Велешта-Струга, еден тешко повреден

Четириесетина минути по полноќ на регионалниот пат Р-1201 во селото Велешта-Струга, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Голф“ со струшки регистарски ознаки управувано од 21-годишниот Н.Н. од селото Велешта, и возило „БМВ“ исто така со струшки регистарски ознаки управувано од 45-годишниот Џ.Ш. од истото село.

Полицијата информира дека во незгодата возачот на „Голф-от“се здобил со тешки телесни повреди, а поради сериозноста на повредите со возило на итна медицинска помош е префрлен во болницата Св.Еразмо, каде е задржан на лекување.

Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Струга.