Македонија
14. February 2021 - 12:36

Тешка сообраќајка на патот Тетово-Јажинце, повредени четири лица

Вчера во 17.50 часот било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Јажинце, пред мостот на река Порој, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „голф“, управувано од Ќ.Ш.(44) од с.Одри и патничко возило „фолксфаген поло“, управувано од А.И.(70) од Тетово, и двете со тетовски регистарски ознаки, информираат од МВР.

Во незгодата, А.И. се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобил  Ќ.Ш. и двајца сопатници од истото возило, констатирани во Клиничката болница Тетово.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово.