Македонија
9. August 2019 - 17:47

Тешка сообраќајка на патот Скопје -Тетово

Сообраќајна несреќа се случи пред половина час на автопатот Скопје - Тетево. Автомобил марка Фолцваген Пасат удри во камион кој превезувл поликолор. 

Според фотографиите  може да се забележи дека автомобилот е уништен. Полицијата излегла на местото на несреќата.

Како дошло до несреќата засега е непознато и не се знае дали има повредени во сообраќајката.

Според очевидците,сообраќајот е отежнат, па се чека дури по 20 минути за да се помине.  

 

Повеќе детали наскоро...